Лејди Гага, којашто поседува стил на облекување кој или го сакате или го мразите, беше прогласена за Модна икона за 2011 година. На забавата веднаш по прогласувањето таа се појави речиси гола. Погледнете фотографии.
Младите холивудски ѕвезди го окупираа црвениот тепих на доделувањето на филмските награди на MTV, а мини здолништата како да беа must-have за свечениот настан. Погледнете што избраа да носат ѕвездите за нивното појавување на црвениот тепих.
Според Форбс, долгоногата манекенка Жизел Бундхен е на добар пат да стане првиот супермодел кој заработил милијарда долари, а воедно и првата милијардерка во Бразил којашто сама си го заработила своето богатство.
Англиската пејачка Пикси Лот е ѕвездата во најновата кампања на брендот Lipsy. 20-годишната артистка, која е позната по својот уникатен ретро стил, соработуваше со Lipsy за создавањето на женствена и романтична колекција. Погледнете ги фотографиите.
Премиерното издание на списанието Virgine Magazine ќе ги привлекува купувачите со необична фотосесија на модели облечени во фустани од M&M бонбони, лименки од Coca Cola (диетална), плишени мечиња, iPad-ови, кутии од прашок за перење... Погледнете ги фотографиите.
Mодните предлози на брендот Blanco за пролетните и летните месеци со леснотија можат да го освојат секој женски поглед. Погледнете ги и црпете инспирација од неодоливите комбинации.
Топлото време им даде инспирација на дизајнерите во Converse да направат модификација на популарните „старки“. Познатиот бренд пушти на пазарот „старки“ кои наликуваат на апостолки.
Летото веќе е на прагот, а топлото време отвора простор за нови трендови. Списанието Elle направи листа на најинтересните трендови кај шминката и косата кои се прифатени од холивудските ѕвезди: усни како лубеница, бронзени акценти, црвени прамени, виолетови очни капаци... Прочитајте повеќе.
Кетрин, војвотката од Кембриџ, уште еднаш го покажа своето огромно влијание во модниот свет. Фустанот којшто таа го носеше на вчерашната официјална средба со Обамови моментално стана вистински моден хит. Погледнете фотографии.
Популарната класична фризура на Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“ е прогласена за највлијателна фризура на сите времиња. Погледнете кои се останатите фризури што се најдоа на оваа листа.