Октомври пристигнува со порака која веројатно нема да им се допадне на сите: минатото ни тропа на врата. Стари љубови, недовршени разговори и планови кои некогаш пропаднале повторно може да се појават на сцената. Некои од нас ќе добијат порака од бивш партнер, други втора шанса за работа, а трети ќе откријат дека новата љубов веќе е многу поблиску отколку што мислеле.
Првиот пресврт доаѓа на 3 октомври, кога Венера преминува во ретроградно движење во Скорпија. Голема е веројатноста повторно да ве контактира бивши или да ви се обноват стари чувства.
Но, Младата Месечина во Вага на 10 октомври отвора врата и за нешто сосема ново. Први состаноци, нови партнерства, дефинирање врски и големи одлуки во љубовта се меѓу можните сценарија. А на 16 октомври Плутон преминува во директно движење во Водолија, па нешто што долго време стоело заглавено конечно ќе започне да се придвижува.
Последната недела од месецот ќе биде особено интересна. Сонцето влегува во Скорпија на 23 октомври, носејќи повеќе страст и желба за вистинска блискост, а веќе на 24 октомври Меркур преминува во ретроградно движење. Очекувајте признанија кои доцнат, погрешно разбрани пораки и разговори за кои сте мислеле дека одамна се завршени. Мал совет: прочитајте двапати пред да притиснете „испрати“.
На 25 октомври ретроградната Венера влегува во Вага, па бивши партнери, стари додворувачи и романси без вистинска завршница добиваат уште една шанса да направат хаос. А Полната Месечина во Бик на 26 октомври бара конкретен резултат, па очекувајте големо „да“, важна финансиска одлука, преселба, официјализирање врска или конечно затворање на приказна која предолго стоела на половина пат.
Најсреќни ќе бидат ВАГИТЕ и СКОРПИИТЕ.
Со други зборови, октомври ќе враќа луѓе од минатото, ќе открива тајни и ќе менува планови.
А што точно подготвува за вас? Кликнете на вашиот хороскопски знак 👇
| Датум | Случување |
| 3 октомври | ♀ Венера преминува во ретроградно движење во Скорпија |
| 10 октомври | ☽ Настапува Млада Месечина во Вага |
| 16 октомври | ♇ Плутон преминува во директно движење во Водолија |
| 23 октомври | ☉ Сонцето влегува во Скорпија |
| 24 октомври | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во Скорпија |
| 25 октомври | ♀ Венера со ретроградно движење влегува во Вага |
| 26 октомври | ☽ Настапува Полна Месечина во Бик |