• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – НОЕМВРИ, 2026

1 ноември 2026, 11:40
  • cподели

Ноември пристигнува со добри вести достојни за широки насмевки. По неколкуте астролошки турбуленции во октомври, конечно доаѓа период во кој љубовните недоразбирања може да се претворат во романтични помирувања, одложените планови да добијат зелено светло, а неочекуваните можности да нè охрабрат на големи чекори.

Првите денови ќе поминат под влијание на Сонцето во Скорпија, кое нè поттикнува да ги истражиме чувствата, да бидеме похрабри во љубовта и да откриеме што навистина посакуваме. Младата Месечина на 9 ноември ќе биде одличен повод за нов почеток, особено за оние кои се подготвени да остават некоја стара приказна зад себе.

А најубавите вести пристигнуваат кон средината на месецот. Меркур на 13 ноември и Венера на 14 ноември преминуваат во директно движење, носејќи олеснување во комуникацијата и љубовните односи. Можеби конечно ќе пристигне долгоочекуваната порака, ќе се договори состанок кој постојано се одложувал или ќе се отвори можност за помирување со драга личност.

На 16 ноември Марс и Јупитер се спојуваат во Лав, разгорувајќи ги амбициите и самодовербата. Втората половина на месецот е одличен период да побарате унапредување, да започнете возбудлив проект или да го направите првиот чекор кон личност која ви се допаѓа.

Уште повеќе оптимизам пристигнува на 22 ноември, кога Сонцето влегува во Стрелец. Ќе посакаме повеќе авантури, дружења, патувања и спонтани излегувања. А Полната Месечина во Близнаци на 24 ноември може да донесе изненадувачки вести, интересни признанија и разговори кои ќе ги променат плановите на подобро.

Кој ќе се вљуби до уши, кој ќе добие шанса за професионален успех, а кому ноември ќе му исполни голема желба?

Ѕирнете во месечниот хороскоп и откријте што ви подготвуваат ѕвездите. Кликнете на вашиот хороскопски знак 👇

ДатумСлучување
9 ноември☽ Настапува Млада Месечина во Скорпија
13 ноември☿ Меркур преминува во директно движење во Скорпија
14 ноември♀ Венера преминува во директно движење во Вага
22 ноември☉ Сонцето влегува во Стрелец
24 ноември☽ Настапува Полна Месечина во Близнаци
26 ноември♂ Марс влегува во Девица

 

  • Овен
  • Бик
  • Близнаци
  • Рак
  • Лав
  • Девица
  • Вага
  • Скорпија
  • Стрелец
  • Јарец
  • Водолија
  • Риби

Најнови

  • Непрепознатлива: Хајди Клум се маскираше во џиновска отсечена дланка за Халовин

    Sun, 11/01/2026 - 12:00
  • Месечен хороскоп – НОЕМВРИ, 2026

    Sun, 11/01/2026 - 11:40
  • Борко и Нина Ристовски

    Букет и романтична посвета: Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина

    Sat, 10/31/2026 - 21:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.