• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Непрепознатлива: Хајди Клум се маскираше во џиновска отсечена дланка за Халовин

1 ноември 2026, 12:00
  • cподели

Хајди Клум ја претвори својата традиционална забава за Халовин во сцена од хорор филм. Славната манекенка, која со години ја носи титулата „Кралица на Халовин“, годинава се појави како џиновска отсечена дланка.

53-годишната Германка беше непрепознатлива во костимот со долги темноцрвени нокти и впечатливи прстени. Застрашувачкиот ефект го создаваа вештачката крв, изложените коски и ткивата кои висеа од „пресечениот“ зглоб, додека нејзиното лице беше скриено зад протетичка шминка во отвор на надворешната страна на дланката.

За да може да се движи, нозете на Хајди беа сместени во средниот и домалиот прст на огромната рака, а едната нејзина рака влегуваше во палецот.

На забавата во Њујорк пристигна придружувана од пет лица во жолти заштитни комбинезони и со маски на лицата, кои го надополнија необичниот настап. Во еден момент, член од придружбата ѝ помогна да се напие течност со шприц низ отворот кај устата.

„Зборувај ѝ на раката“ – напиша таа на Instagram покрај видеото со кое ја откри маската, откако со денови ја разгоруваше љубопитноста на обожавателите со снимки од подготовките.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Подоцна, Клум го отстрани надворешниот дел од костимот и откри уште еден изглед со руса перика и морничава протетичка шминка на лицето, задржувајќи ги огромните прсти околу нозете.

Хајди ја организира својата позната забава од 2000 година, а подготовките за следната трансформација често ги започнува веднаш по Халовин. Меѓу нејзините највпечатливи досегашни маски се црв, паун, вонземјанин и принцезата Фиона од „Шрек“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Claire Comai (@clairecomai)

Tags
Хајди Клум
Халовин

Најнови

  • Непрепознатлива: Хајди Клум се маскираше во џиновска отсечена дланка за Халовин

    Sun, 11/01/2026 - 12:00
  • Месечен хороскоп – НОЕМВРИ, 2026

    Sun, 11/01/2026 - 11:40
  • Борко и Нина Ристовски

    Букет и романтична посвета: Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина

    Sat, 10/31/2026 - 21:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.