Изреката Младоста да ти ја имам, мрзата да ти ја немам, прв пат ја слушнав некаде кога бев на факултет, што значи дека сум била „во цветот на младоста“. Иако во дадениот контекст не се однесуваше на мене...
Со главниот град играме танц на заведување веќе 14 години наназад. Понекогаш му дозволувам да води, и тогаш, иако премногу ретко, успева да ме заведе со културни активности кои го одземаат здивот, ми го активираат мозочето...
Кога првиот пат помислив дека мојот живот ќе се смени бев петто одделение и мислев дека реченицата „Колку чавки, толку петки!“ е чиста вистина, баба ми ја кажа и јас ѝ верував, исто како што верував дека Бог...
Уште кога бев мала татко ми ми кажуваше дека неговиот татко, односно мојот дедо, му викал – учи за да не работиш. Тогаш било важно да имаш високо образование, за да можеш да најдеш полесна, главно канцелариска работа, а не тешка физичка...
Алчниот апетит ми е непријател број 1 откако паметам за себе. Тие праисториски времиња кога трчале со млекото или лепчето в рака по мене, со цел да ме натераат да јадам, па сме играле авионче...
Во овој свет на лажирани љубовни пораки и неиновативни реклами за Св. Валентин (среќа што имаме алтернативна опција со Св. Трифун), јас се доживувам себе како ултимативниот борец за идејата наречена љубов. Да не се разбереме погрешно...
Јас сум голема феминистка, зборот знае да звучи страшно, ама и обожавам кога мажот и жената во една заедница се ЕДНАКВИ, баш во сè! Сите ја знаеме приказната за како Господ ја создал жената од реброто на мажот и бла бла бла. И ете ти, уште од самиот почеток жената во очите на мажот е потчинета...
Честопати, особено кога се наближува 8-ми март, се прашувам што ли им требало на Клара Цеткин и Роза Луксембург да се борат за правата на жената?!? Или имале вишок слободно време, или немале претстава како еманципацијата ќе се одрази на жените, барем во денешно време.
Минатата година ја имав честа да присуствувам на десетина интервјуа за работа. Ме фати инает и ја испратив мојата професионална биографија секаде каде што прочитав оглас за вработување...
Јас и моите натрупани 23 години најсигурни сме дома. Во куќата на чиј покрив некогаш се водело љубов, лежам и гледам фотографии. Еве една! Што сме сакале да овековечиме со оваа слика...
Има некои непишани правила кои забележувам дека луѓето често ги практикуваат, па сакав да ги споделам – верувам дека ќе им бидат од корист на оние кои не се често на трибините, но ќе ги освежи и оние кои редовно се таму.
Да разјасниме веднаш – ова нема да биде колумна која ќе плива во правописни и граматички грешки, ќе се дави во неправилна употреба на наставки за членување или ќе бележи отсуство на правилни наводници, надреден знак или нов ред...