• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слабеење

Кога е најдобро да јадете и вежбате за да слабеете максимално?

8 август 2012, 11:54
  • cподели

Сите го знаеме рецептот за здраво и долготрајно слабеење: балансирана исхрана + физичка активност. Никој не може да негира дека за да губите тежина мора да внимавате што јадете и да не го прескокнувате вежбањето, но врз крајниот резултат влијаат и многу други фактори.

За да постигнете максимален ефект, препорачливо е во вашата стратегија за слабеење и одржување на идеалната тежина да го вклучите и факторот „тајминг на оброците и вежбањето“. Во продолжение ќе најдете во кој дел од денот е најдобро да јадете и да вежбате, во кој редослед да практикувате кардио вежби и вежби со тегови и кога е препорачливо да се мерите на вага, за да слабеете максимално.

Тајминг на оброците
  • Појадувајте во период од 1 час по будењето. Сигурно сте чуле: појадокот е најважниот оброк во денот! Тој го стимулира метаболизмот и ви ја дава неопходната енергија за да го започнете денот со полна сила. Друга придобивка е што ако појадувате, ќе внесете помалку храна во текот на остатокот од денот. Докажано е дека луѓето кои појадуваат, консумираат помалку калории подоцна во денот.
  • Вежбајте наутро. Зошто се препорачува утринско вежбање? Затоа што луѓето се најсклони да се придржуваат до редовна физичка активност кога вежбаат наутро. Откако ќе започнат дневните обврски, се појавуваат повеќе изговори и оправдувања за одложување на вежбањето. Сепак, тоа е само препорака која ќе ви помогне да останете доследни. Ако вие се чувствувате подобро кога вежбате попладне, треба да го послушате вашето тело.
  • Кардио вежби пред вежби со тегови. Вашата цел е да слабеете? Експертите тврдат дека е потребно да го започнете тренингот со кардио вежби (трчање, возење велосипед), а потоа да ги обликувате мускулите со вежби со тегови. Но, за претставниците на посилниот пол, чија цел е да ја зголемат мускулната маса, важи обратното – прво вежби со тегови, па потоа кардио.
  • Јадете на секои 3-4 часа. Многу е важно да не правите големи паузи помеѓу оброците, затоа што на тој начин ќе го контролирате апетитот, ќе го спречите варирањето на шеќерот во крвта и ќе го избегнете прејадувањето. Бидејќи нема да чувствувате екстремен глад, нема толку често да посегнувате по нездрава брза храна. Бонус: подобро расположение и повеќе енергија. Се разбира, не треба секое хранење да ви биде голем оброк. Оптимално е да имате три главни оброци и 2-3 лесни ужини.
  • Имајте ужина во 15 часот попладне. Малата ужина ќе ви помогне да останете подалеку од грицките до наредниот оброк, а исто така ќе ве засити доволно за да не претерате кога ќе дојдете до чинија полна со храна. Зошто 15 часот попладне? На повеќето луѓе тогаш им опаѓа енергијата и бараат нешто што ќе ги одржи будни и концентрирани. Најдобра ужина тогаш е протеинска храна, како 15-20 бадеми.
  • Последниот оброк треба да ви биде не подоцна од 3 часа пред спиење. Се разбира, во тој период од три часа можете да си дозволите мала лесна ужина, но вечерата треба да ви биде порано за телото да има доволно време за да ја обработи храната. Доколку јадете подоцна, ќе ви биде потребно подолго време за да заспиете, а голема е веројатноста дека ќе имате и помалку квалитетен сон.
  • Алкохолот доаѓа последен во денот. Ако сакате да се почестите со чаша алкохол, направете го тоа на крајот на денот, затоа што се смета дека алкохолот влијае на хормоните кои се поврзани со варењето на храната и контролирањето на апетитот.

Кога е најдобро да застанете на вага?

Најдобро е да ја мерите својата телесна тежина наутро, пред појадокот, но откако сте го посетиле тоалетот. Тогаш ќе добиете најточна претстава за вашата тежина, бидејќи во текот на денот таа варира во зависност од консумираната храна и течностите.

Вага за мерење тежина

Колку често ќе се мерите зависи од вас. Но, истражувањата покажуваат дека честото мерење е добар начин за контролирање на тежината, затоа што можете да го промените начинот на живот и исхраната веднаш откако ќе забележите дека тежината ви се зголемува, односно пред да сте претерале.

Сепак, треба да имате предвид дека тежината кај жените варира и во зависност од месечниот циклус, а исто така и дека тежината не е единствениот индикатор дека изгледот на вашето тело се подобрува.

За крај... тајмингот не е најважен, но игра улога. Ова се препораки кои не е задолжително да ги вклучите во вашата стратегија за да слабеете, бидејќи секоја личност е различна и она што делува кај едни, не е толку ефективно кај други. Со тек на време сами ќе утврдите кои тактики ви носат најдобри резултати.

Tags
слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.