• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слабеење

Како да се ослободите од вишокот на стомакот?

16 февруари 2011, 12:56
  • cподели

Секогаш ги комбинирате тесните фармерки со широка блуза за да го сокриете вишокот масти на стомакот? Мразите кога треба да се соблечете по бикини и цело време го вовлекувате стомакот навнатре за да изгледате послаби? Значи, време е за промени кои ќе ви донесат вистински резултати, за разлика од јојо-ефектот што го носат диетите.

Лошата вест е што непријатните масни наслаги околу стомакот не само што не изгледаат убаво и ѝ сметаат на самодовербата, туку и се штетни по здравјето. Трупањето на сало во областа на стомакот е многу понездраво отколку трупањето на масти на колковите или на други области од телото. Вишокот масти на стомакот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес и одредени видови рак.

Рамен стомакЕлимирањето на масните наслаги околу стомакот е тешко, но не и невозможно

Добрата вест е што со помош на едноставни промени во исхраната и начинот на живот, можете да се ослободите од вишокот масти и да ја добиете посакуваната форма на песочен часовник.

Издвојте барем 10 минути дневно за релаксација

Колку повеќе сте изложени на стрес, толку повеќе масни наслаги ќе имате околу стомакот. Докажана е врската помеѓу стресот и тврдоглавите масти на половината. Научниците објаснуваат дека кога телото е под стрес, се лачи поголемо количество на хормонот кортизол кој го поттикнува телото да складира масти во областа на стомакот.

Пронајдете барем 10-15 минути дневно за да се релаксирате слушајќи убава музика или да ѝ се насладите на една шолја зелен чај. Невозможно е да се живее без стрес, но сторете сè што е во ваша моќ за да го намалите стресот колку што е можно повеќе.

Консумирајте здрави масти

Мононезаситените масти кои ги има во јаткастите плодови, авокадото и темното чоколадо се исклучително корисни за топење на непријатните масни наслаги околу стомакот. Она што треба да го избегнувате е пржена храна, печива, крекери и разни други грицки и колачиња.

Намалете ја подуеноста на стомакот

Подуеноста на стомакот е состојба која одминува, но воопшто не е пријатна. Одредена храна или пак одредени навики можат да придонесат за подување на стомакот. Еве на што треба да внимавате кога сакате да ја избегнете подуеноста:

  • Избегнувајте консумирање на брокули, зелка, грав, пиперки и карфиол;
  • Кажете им „не“ на газираните пијалоци;
  • Јадете бавно за да го избегнете голтањето на воздух;
  • Не пијте од сламка;
  • Не џвакајте гума за џвакање, бидејќи со џвакањето голтате и воздух;
  • Намалете ја консумацијата на сол затоа што солта ги задржува течностите во телото.

Не правете само стомачни, туку комбинирајте ги вежбите

Правите по 150 стомачни вежби дневно, но и покрај тоа не успевате да добиете рамен стомак? Освен ако не сте од ретките кои природно се надарени со рамен стомак, стотиците стомачни вежби нема да ви помогнат да се ослободите од вишокот ако не ги комбинирате со друга физичка активност.

Не ги избегнувајте аеробик вежбите. Тие ќе ви помогнат да слабеете, а најголем дел од луѓето најпрво слабеат во областа на стомакот. Пешачете со брзо темпо половина час секој ден и нема да помине долго време пред да ги забележите резултатите.

Многу е важно и да ги зацврстувате сите мускули во областа на половината.

Ефективна вежба за зацврстување на мускулите во областа на половината

Легнете на стомак. Потпрете се на лактите и дланките поставете ги на подот. Лактите треба да ви се наоѓаат директно под рамената.

Стегнете ги мускулите во горниот дел на телото и подигнете го стомакот и колената од подот, потпирајќи се на прстите од нозете. Телото треба да ви биде во права линија од главата до петиците.

Стегнете ги стомачните мускули и задржете се во таа позиција 15-20 секунди. Правете ја оваа вежба секој ден, а секоја седмица задржувајте ги мускулите стегнати за 15 секунди подолго од претходната седмица.

Жена што вежба

Оваа вежба е многу ефективна, а не одзема многу време. Правете ја додека траат рекламите за време на омилената серија и без да забележите ќе го подобрувате своето тело.

Tags
слабеење
стомак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.