Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 7 храни за рамен стомак

7 храни за рамен стомак

Рамниот стомак е огромен предизвик за многу жени. Ако еднаш сте го оставиле вашето стомаче да порасне, тогаш знаете колку е тешко да се вратите во форма.

Вежбањето е неопходно, но не и доволно за постигнувањето на целта рамен стомак. Потребна е и правилна исхрана. Подолу дадените храни ќе ви помогнат по природен пат да го забрзате процесот на согорување на мастите. Освен тоа, тие помагаат и во заштитата од многу болести и физички повреди. Внесете две или три од овие храни во вашите секојдневни оброци и барем една во вашата ужина.

БадемиЈајцаЈагоди, боровинки, капинки, малинкиСпанаќот и другите темнозелени зеленчуциМлеко и млечни производиМесо без мастиОвесна каша

Бадеми

Бадемите се вкусни јаткасти плодови, богати со протеини, растителни влакна, магнезиум и моќниот антиоксиданс витаминот Е.

Помагаат во борбата со прекумерната телесна тежина, загубата на мускулна маса, срцевите заболувања, брчките, високиот крвен притисок.

Јајца

Јајцата се совршен извор на протеини. Истражувањата покажаа дека луѓето кои консумираат јајца за појадок се чувствуваат помалку гладни во текот на остатокот на денот, за разлика од луѓето кои консумираат појадок богат со јаглехидрати.

Помагаат во создавањето на мускулна маса, согорувањето на мастите и во борбата со дебелината.

Јагоди, боровинки, капинки, малинки

Овие плодови богати со растителни влакна треба да се вклучени скоро во секоја диета. Колку повеќе растителни влакна консумирате, толку помалку калории апсорбирате од целата друга храна што ја јадете.

Јагодите, капинките, малинките и боровинките го заштитуваат срцето од болести, го подобруваат видот, рамнотежата, координацијата, краткотрајната меморија. Ја намалуваат желбата за прекумерно јадење и се борат со дебелината.

Спанаќот и другите темнозелени зеленчуци

Спанаќот и другите темнозелени зеленчуци како брокулите, содржат многу малку калории и богати се со калциум кој ги помага контракциите на мускулите. Една чаша спанаќ има само 40 калории.

Овие зеленчуци се борат против рак, срцеви заболувања, дебелина и остеопороза.

Млеко и млечни производи

Консумирањето на млеко и млечни производи кои содржат мал процент масти, треба да биде дел од секоја диета.

Повеќето луѓе знаат дека овие производи содржат големи количини калциум и дека поради тоа помагаат за зацврстувањето на коските. Но, малку луѓе знаат дека калциумот го спречува зголемувањето на тежината, затоа што го забрзува процесот на топење на масните наслаги.

Консумирањето на млеко и млечни производи ќе ја одржи вашата половина тенка и му помогне на вашето тело да се бори со остеопороза и висок крвен притисок.

Месо без масти

Тука спаѓа рибата, пилешкото, мисиркиното и телешкото месо. Сите овие меса содржат протеини, но и многу повеќе. Пилешкото содржи Б12, Б6 и калиум, телешкото – цинк и железо, рибата – омега-3 масни киселини.

Тие се борат со прекумерната телесна тежина, градат мускулна маса и го зацврстуваат имунитетот.

Овесна каша

Иако овесната каша не е највкусната храна што некогаш сте ја јаделе, таа е многу корисна, затоа што содржи многу хранливи материи. Најдобро е да ја јадете кашата без да додавате шеќер или други зачини.

Овесната каша ве држи сити подолго време и го регулира нивото на инсулин во телото, а со тоа го спречува складирањето на мастите. Ја зголемува енергијата и го намалува холестеролот.

Таа помага и во заштитата од рак на дебелото црево и срцеви заболувања.

Совет

За да имате убаво оформен и рамен стомак, потребно е да јадете 6 пати дневно за да го зачувате балансот помеѓу внесените и потрошените калории.

Доколку ја одржувате разликата помеѓу внесените и потрошените калории во границите ±300 до ±500, тогаш ќе согорувате масти, а ќе ставате тонирани мускули.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11115 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.