Иако лукот е богат извор на витамини и минерали, а го намалува и крвниот притисок и холестеролот, многу луѓе го избегнуваат поради силната миризба. Но, сега непријатната миризба на лукот не треба да претставува голем проблем, затоа што научниците открија дека млекото е ефективна мерка за нејзино редуцирање.