„Животот е убав“: Доктор Злате Мехмедовиќ го прослави 50-тиот роденден со семејството и голема забава
Злате Мехмедовиќ прослави голем јубилеј.
Македонскиот доктор, кој моментално е директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација, направи забава за 50-тиот роденден и славеше со семејството и блиски пријатели.
На социјалните мрежи, тој сподели фотографија на која позира со сопругата Маја Ристова и двете дечиња. Декорациите на прославата беа во црна и златна боја, а целото семејство носеше црни модни комбинации.
Во описот, тој напиша:
Веројатно се лажеме кога велиме дека животот почнува на 50. Толку многу сум проживеал и сакал за да кажам дека денес почнувам.
Кога ќе погледнам околу себе и ќе ги видам луѓето што ги сакам, знам дека најважното во животот веќе ми се случило.
Можеби убавината на животот по 50-тата е токму во тоа што веќе знаеш со кого сакаш да го живееш, на што вреди да го трошиш времето и колку малку е потребно за да бидеш среќен.
Животот е убав.
Сè друго е бонус.
П.С. Ви благодарам за прекрасните желби на сите! Ги имаше премногу и планирав да одговорам на секоја. Амбициозен план за човек на моја возраст :)
На профилот на неговата ќеркичка Фрида беа споделени и видеа на кои таа ги дува свеќичките на роденденската торта на татко си.
Оперскиот пејач Иван Наумовски со заедничка фотографија од забавата му честиташе роденден на својот пријател.