Се шекулираше дека се во врска, сега снимија дует? Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ со заедничко видео ги израдуваа фановите
Изминатите месеци често се коментираше за романтична врска помеѓу Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ, но тие никогаш јавно не потврдија дека се заедно.
Популарните музичари сега објавија заедничко видео, кое се шпекулира дека е дел од спотот за нивни заеднички дует.
Видеото ги израдува нивните фанови кои едвај чекаат ваква соработка.
Претходно, успешните пејачи објавија видеа на кои се сами, а во коментарите следуваше:
„Нешто со Џејла, луѓеее... Кој ќе го дочека ова!!! 😮🥹🫶🏻“, „Леле, ова ќе биде нешто големо! 🔥👏❤️ Вчера Џејла, денес Јаков. Едвај чекам! 🙌🔥👏“ - пишуваа среќните обожаватели.
Пред четири месеци, Јаков објави видео во кое се бакнува со девојка на јахта, а потоа веднаш го избриша. Девојката многу наликуваше на Џејла, па тоа уште повеќе ги засили гласините за нивна љубовна врска.