• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Повеќе контакти со пријатели – подолг живот

14 септември 2010, 09:58
  • cподели

Не го пропуштајте денешното излегување на кафе со пријателите, затоа што дружењето може да ви го продолжи животот.

ЗабаваДружељубивоста го продолжува животот

Истражувачите откриле дека редовните контакти со пријателите можат да ви го продолжат животот со 3,7 години и дека пријателите имаат позитивно влијание кое може да се спореди дури и со откажувањето од пушењето.

Научниците тврдат и дека осамените луѓе имаат стапка на смртност еднакво висока како и алкохоличарите и дури повисока од луѓето кои страдаат од дебелина и кои не се физички активни.

За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите анализирале податоци од 148 други истражувања кои биле правени во текот на 3 децении, а во коишто учествувале 300 000 луѓе.

„Пријателите можат секојдневно да ви го олеснат животот. Можат да ви позајмат пари, да ви понудат превоз, да влезат во улогата на бејбиситерка. Тие можат и да ве поддржат да имате подобри здрави навики, да посетите доктор и да вежбате повеќе. Исто така, можат и да ви помогнат индиректно со тоа што ќе направат да чувствувате дека има за што да живеете“ – изјавил Берт Учино, професорот кој стои зад истражувањето.

Според научниците, врската помеѓу смртта и осаменоста важи подеднакво и за мажите и за жените, без разлика на нивната возраст или претходна здравствена состојба.

Tags
среќа
Пријатели

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.