Ви се грицка нешто? Земете бадеми и уживајте во нивниот вкус. Бадемите го подобруваат здравјето на многу различни начини, а сега научниците покажаа уште и дека се борат против настинка и грип.
Изреката „утрото е поумно од вечерта“ е сосема точна, тврдат научниците. Тие сметаат дека ако треба да донесете некоја голема одлука, тогаш најдобро е прво да отспиете, односно некое време да не мислите на проблемот.
„Мажите не прашуваат за правец кога ќе се изгубат“ е тврдење кое веќе и дефинитивно можеме да го прифатиме како вистинито. Британско истражување покажа дека кога ќе се изгубат, мажите бесцелно возат подолго време од жените пред да побараат помош за правецот.
Британско истражување покажало дека жените повеќе сакаат мажи кои имаат брада на лицето, а најмногу ги привлекуваат мажи со кратка брада (3 дена по бричењето).
Појадокот е најважниот оброк во денот – правило кое никогаш не треба да го заборавите. Не само што ќе ви помогне да ја одржите линијата, туку ќе ви помогне и да го заштитите вашето срце.
Повеќе нема сомневање, жените се подарежливи. Американско истражување покажало дека жените се посклони да одделат пари од својот џеб за да донираат во хуманитарна организација, отколку мажите.
Американски научници тврдат дека мозокот на мајките расте неколку месеци по породувањето и дека најголем раст се забележува кај мајките кои повеќе бликаат од среќа и го оценуваат своето дете како специјално, прекрасно и совршено.
Жените облечени во црвено не само што повеќе го привлекуваат вниманието на спротивниот пол, туку и стануваат неодоливи, па поголема е веројатноста мажите да им пријдат и да флертуваат со нив.
Истражување на Bayer Schering Pharma покажало дека во 18 часот мажите се најсклони да ѝ исполнат некоја желба на својата сакана. Дознајте во колку часот е најголема веројатноста да победите во расправија.
Швајцарски, германски и американски истражувачи откриле дека партнерите кои се заедно 40 години знаат многу помалку еден за друг во споредба со партнерите кои се заедно само 1-2 години.