• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слабеење

Храна која го намалува апетитот

23 февруари 2011, 10:17
  • cподели

Зголемениот апетит без да осетите може да ја уништи вашата витка линија. Тој е виновник за прејадувањето кое е штетно не само за оние коишто сакаат да ослабат, туку и за оние кои се стремат да ја одржат својата тежина.

Замислете си, пред еден час сте го изеле ручекот, вечерата е далеку, а вашиот стомак упорно „плаче“ за да каснете нешто. Гладот може да ве принуди да заборавите на убавата фигура и да ставате в уста сè што ќе се најде пред вас. Најлошиот избор што можете да го направите е да го грабнете чоколадото кое се наоѓа во ваша близина и несвесно да го изедете цело. Најдобриот избор е да земете храна која ќе го скроти вашиот глад и ќе го стави вашиот апетит под контрола.

Жена со банана и јаболко во рацетеЈаболката и бананите помагаат за контролирање на апетитот

Најголем дел од производите за слабеење (таблети, сирупи) имаат за цел да го намалат апетитот. Но, најдобро е на природен начин да го контролирате својот апетит. Еве некои производи кои ќе ви го скротат апетитот:

  • Јаболко. Црвени јаболка, зелени јаболка – не е важно какви ќе изберете. Јаболката се богат извор на растителни влакна кои ќе направат да се чувствувате сити подолго време. Потребно е подолго време за да изедете едно јаболко поради тоа што треба добро да го изџвакате. Така, вашиот мозок ќе има време за да ја добие информацијата дека сте најадени, па ќе го избегнете прејадувањето.
  • Овесна каша. Нема да погрешите ако појадувате овесна каша. Таа содржи „добри“ јаглехидрати кои согоруваат побавно, па чувствувате помал глад. За да ја приготвите, користете обезмастено наместо полномасно млеко. „Зачинете“ ја со парчиња овошје, цимет или пак со една лажица ленено семе.
  • Супа. Еден од највкусните начини да го скротите апетитот и да ја одржите вашата линија е супата. Истражување во Пенсилванија покажало дека мажите и жените кои јадат две порции супа дневно губат 50% повеќе тежина од луѓето кои истиот број на калории го внесуваат преку друг тип на храна. И не е тешко да се поверува во тоа. Супата содржи многу вода, а малку калории. Се разбира, бистрите зеленчукови супи секогаш се подобар избор од кашестите супи.
  • Брокули, зелка, спанаќ, краставица. Зелените зеленчуци се совршени кога сакате да слабеете. Не содржат многу калории, а брзо го полнат стомакот. Пред секој оброк правете си салата од зелка, краставици, спанаќ или брокули и ќе внесувате многу помалку калории за време на оброкот. Истражувањата покажале дека луѓето кои консумираат салата пред оброкот внесуваат околу 12% помалку калории.
  • Банани. Умирате од глад? Излупете една мала банана и без проблем ќе издржите до наредниот оброк. Бананите се одличен извор на калиум, а и на растителни влакна. Тие го подобруваат варењето на храната и го зголемуваат чувството на ситост.
  • Темно чоколадо. Не се сомневаме дека ова ќе го пробате. Темното чоколадо коешто содржи најмалку 60-70% какао помага за намалување на апетитот. Слатко-горчливиот вкус ќе ви помогне ем да се чувствувате задоволни од она што сте го каснале, ем да го победите неконтролираниот глад. Но, тука треба да внимавате колку ќе изедете, затоа што колку и да е корисно, темното чоколадо содржи многу масти и калории.
  • Вода. Внесувате 0 калории, а го мамите мозокот да си мисли дека стомакот ви е полн. Пиењето на вода пред јадење е еден од најевтините и наједноставните трикови за слабеење. Неодамна, американски научници откриле дека луѓето кои пијат вода пред оброк слабеат повеќе од луѓето кои не пијат. Според резултатите од нивното истражување, учесниците кои држеле диета и пиеле вода пред оброците ослабеле 7 килограми во текот на 3 месеци, а оние кои не консумирале вода ослабеле 5 килограми. Пијте вода во текот на целиот ден, а не пропуштајте и да се напиете една чаша пред секој оброк. Водата може да ви помогне да консумирате дури до 300 калории помалку во текот на еден ден.
  • Зелен и бел чај. Не ви е пријатно да се полните со вода? Пијте зелен или бел чај неколку пати дневно. Сигурно знаете колку тие можат да ви помогнат да си го зачувате здравјето, но ќе ви помогнат и да изгледате подобро. Зелениот чај го стимулира создавањето на хормони кои го држат апетитот под контрола.

Совет

Мирисајте ја храната додека ја јадете. Ви се случило ли гладни да готвите нешто, а кога конечно сте го сервирале оброкот, да се чувствувате сити? Научниците тврдат дека вдишувањето на мирисот на одредена храна може да го измами вашиот мозок дека не сте гладни и да го намали бројот на калории што ќе ги внесете. Џвакајте го секој залак 30-35 пати и често помирисувајте ја храната.

Tags
апетит
слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.