• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, еве доказ“: Адвокатката Ристова бесна откако беа ослободени од одговорност родителите на тепаното девојчето во Штип

2 јули 2026, 12:09
  • cподели
Адвокатката Маја Ристова

Додека јавноста се уште е вознемирена од бруталното врсничко насилство во скопски Аеродром, за кое полицијата најави кривични пријави против родителите за „запуштање и малтретирање на дете“, случајот од Штип доби поразителен епилог.

Адвокатката Маја Ристова, која го застапува 12-годишно девојче кое со месеци беше мета на физичко и психичко малтретирање, денеска алармираше дека Вишото јавно обвинителство ја отфрлило кривичната пријава против родителите на насилните малолетници, потврдувајќи ја одлуката на Основното јавно обвинителство.

Според образложението на обвинителските органи, родителите не можат да бидат гонети за кривичното дело „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи, според нивните искази, „не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“ и не се согласувале со нив.

Адвокатката Ристова јавно го објави решението од Обвинителството, изразувајќи длабоко разочарување и сомнеж во капацитетот на системот да го сузбие врсничкото насилство.

Во продолжение, ви ги пренесуваме нејзината реакција и клучните делови од образложението на обвинителството:

Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар. 

Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство во Штип правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца. Ејјјј, не биле свесни🙈не ми се верува што читам. Требало да има континуирано и сериозно занемарување, а не ова? Што е ова? Го тепале три месеци, и психички и физички го малтретирале, ништо не е тоа. Требало да го избодат, скраја било. 

И ова пази “Фактот што детето самостојно превземало противправно дејствие не може да се квалификува како запуштање или малтретирање🙈

Каква порака се испраќа со ова?

Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видео снимки, што со останатите насилства?

Образложение
Образложение
Образложение

Видео од насилството во Штип

Tags
Маја Ристова
врсничко насилство

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.