• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Вознемирувачка снимка од Штип: Девојче удирано и клоцано, адвокатката бара правда

8 мај 2026, 09:31
  • cподели

Дискусиите околу темата за врсничко насилство сè повеќе се разгоруваат додека сè повеќе случаи излегуваат пред очите на јавноста.

Адвокатката Маја Ристова сподели шокантна снимка на која девојче е безмислосно удирано со тупаници и клоци и влечено за коса во присуство на повеќе малолетни лица.

Видео

Ристова реагираше со револт откако, како што вели, судот изрекол само мерка „Засилен надзор од страна на родител“. Нејзината објава во продолжение:

Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци. 

• За кривичното дело „Насилство врз дете“ обвинителот предложи воспитна мерка „Засилен надзор од страна на ЦСР”“ судот процени дека мерката е строга, па изрече „Засилен надзор од страна на родител“ (пресмешно). Предметот е во жалбена постапка.

• За кривично дело „Запуштање и малтретирање на дете“ беа отфрлени кривичните пријави, за по жалба да биде вратен предметот на повторно одлучување. 

Поентатата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство. Изгледа треба да се случи „Рибникар (Србија)“, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот „Ивана и Катја“.

Врсничкото насилство е во фокусот на македонската јавност по случајот со брутално малтретирање на девојче од страна на малолетнички во Ѓорче Петров. Имено, жртвата беше горена со цигари, понижувана и принудувана да лиже измет од куче, а притоа беше и снимана.

Многумина се едногласни дека потребни се системски измени, а се предлагаат и рестрикции во користењето на социјални мрежи.

Tags
булинг
адвокат Маја Ристова

Најнови

  • PMI

    Сите патишта викендов водат кон Штип: Спектакуларна програма и бесплатен влез за сите на Д Фестивал

    Sat, 06/27/2026 - 17:44
  • Исидора и Марио Јелиќ

    Романтика на море: Кун од 2Бона и Исидора на летен одмор

    Fri, 06/26/2026 - 22:05
  • Тајното оружје за брза фризура: Balea суви шампони во dm за само 109 денари

    Fri, 06/26/2026 - 15:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.