Актуелно „Државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, еве доказ“: Адвокатката Ристова бесна откако беа ослободени од одговорност родителите на тепаното девојчето во Штип Адвокатката Маја Ристова, која го застапува 12-годишно девојче кое со месеци беше мета на физичко и психичко малтретирање, денеска алармираше дека Вишото јавно обвинителство ја отфрлило кривичната пријава против родителите на насилните малолетници.