• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Антиоксидансите и здравјето

15 јули 2010, 10:01
  • cподели

Постојано слушаме дека антиоксидансите се многу важни за нашето здравје и дури се стремиме да внесуваме храна богата со антиоксиданси за да ја спречиме појавата на болести. Но, дали навистина знаеме како антиоксидансите придонесуваат за доброто здравје и која храна содржи најмногу од нив?

Жена со овошје Најзначајни извори на антиоксиданси се свежото овошје и зеленчуците

Што се тоа антиоксиданси?

Антиоксидансите се супстанции кои ги заштитуваат клетките од штетното дејство на слободните радикали. Многу експерти веруваат дека штетата која ја прават слободните радикали е значаен фактор за развивањето на атеросклероза, разни видови рак, појава на срцеви заболувања, Алцхајмерова и Паркинсонова болест и многу други хронични болести. Токму затоа, антиоксидансите се незаменливи во заштитата на телото од овие болести. Постои и теорија дека слободните радикали се виновни за процесот на стареење, па според тоа, антиоксидансите би требало да го забавуваат стареењето.

Како дејствуваат антиоксидансите?

Кога ќе пресечете парче јаболко, по кратко време тоа ќе започне да потемнува по површината. Тоа се случува поради нормалниот процес на оксидација кој настанува на сите клетки во природата, вклучително и на оние во нашето тело.

Кога кислородот ќе стапи во контакт со клетките, тој кај нив предизвикува промена. Некои може да умрат и на нивно место да се појават нови. Тоа е сосема нормално и не претставува проблем.

Но, во текот на тој процес, дел од клетките се оштетуваат и се претвораат во слободни радикали. Слободни радикали е термин со којшто се опишуваат оштетените клетки кои можат да бидат проблематични и се закана за здравјето. Тие се нарекуваат слободни затоа што им недостига важна молекула и се обидуваат таа молекула да ја „украдат“ од други клетки.

Кога слободните радикали напаѓаат, тие не ги убиваат другите клетки за да ја придобијат молекулата што им недостига, туку често ги повредуваат, го оштетуваат ДНК-то и на тој начин создаваат почва за појава на болести. Најлошото е што еден слободен радикал не оштетува само една клетка, туку создава верижна реакција.

Антиоксидансите ја спречуваат верижната реакција која ја започнуваат слободните радикали. Различните антиоксиданси дејствуваат на различен начин. Некои од нив ја спречуваат појавата на слободни радикали, други го спречуваат настанувањето на верижна реакција, а трети пак ја сопираат реакцијата откако таа ќе се појави.

Сепак, како резултат на нормалното функционирање на клетките се создава мал процент на слободни радикали и често тие не се голем проблем, затоа што се контролираат од антиоксидансите кои ги создава нашето тело по природен пат.

Многу голема закана за здравјето се слободните радикали од чадот од цигарите, загадувањето на воздухот или пак консумирањето на големи количини алкохол.

Внесување на антиоксиданси

Модерниот начин на живот создава потреба од секојдневна консумација на антиоксиданси со цел да се спречи негативниот ефект на слободните радикали.

Антиоксидансите се препорачува да се внесуваат преку исхраната, а многу ретко како додатоци кон исхраната. Најзначајни извори на антиоксиданси се свежото овошје и зеленчуците. Но, потребно е да внесувате различна храна, затоа што секој антиоксиданс делува на различен начин. Не треба да јадете секој ден само брокули и да очекувате да бидете заштитени од болести.

Многу витамини и минерали дејствуваат како антиоксиданси, а меѓу нив најважни се бета-каротенот, витаминот Ц и витаминот Е.

  • Извори на бета-каротен и други каретоноиди: брокули, кајсии, аспарагус, моркови, пченка, зелени пиперки, спанаќ, домати, лубеница, манго, нектарини.
  • Извори на витамин Ц: грејпфрут, јагоди, малини, капинки, боровинки, карфиол, портокал, пиперки, домати, зелени зеленчуци.
  • Извори на витамин Е: моркови, брокули, манго, јаткасти плодови, папаја, тиква, црвени пиперки, спанаќ, сончогледови семки.
  • Селен: туна, говедско месо, житарки, бразилско оревче.
  • Цинк: остриги и други морски дарови, јаткасти плодови, семки од тиква и сончоглед, црвено месо, риба.
  • Друга храна богата со антиоксиданси: зелен и црн чај, црно грозје, лук, кромид, црни сливи, оригано, кафе, црно чоколадо.
Tags
антиоксиданс
слободен радикал
витамин А
витамин Ц
витамин Е
бета-каротен

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.