Почетна » Семејство » Брак » Како да познаете дека ќе ви предложи

Како да познаете дека ќе ви предложи

Постојат неколку мигови во животот кои никогаш не се забораваат. Предлогот за брак е еден од нив. Најчесто овој настан се организира без вие да знаете, но еве како да познаете дали вашиот партнер планира да ви го постави најважното прашање.

Предлог за бракАко тој неочекувано започнува да дава коментари за накитот на другите и ви зборува за брак, наскоро очекувајте прстен.
  1. Започнува да штеди. Додека претходно не обрнуваше многу внимание на неговите расходи, сега започнува да штеди. Веќе не си купува скапа облека и почесто готви дома. Најверојатно со скратувањето на расходите тој сака да заштеди за прстен или за свадбата.
  2. Прави коментари за накитот на другите. Мажите многу ретко забележуваат детали. Затоа, ако започне да коментира за накитот на другите луѓе, тој прави истражување за прстен и е преокупиран со тоа. Доколку ве прашува за мислење за одредена марка накит, помогнете му да се одлучи, без да го уништите изненадувањето.
  3. Од накитот ви исчезнува еден прстен. Најголем дел од мажите не би сакале да ја погрешат големината на прстенот, па затоа ако ви исчезне еден прстен, не се работи за кражба. Најверојатно тој се обидува да ви купи прстен со вашата големина.
  4. Неговото однесување се променува. Многу почесто започнува да ви се извинува, да избегнува големи расправии и е сè понервозен. Тоа е голем настан и тој најверојатно сака сè да биде совршено.
  5. Често зборува за брак. Ниту еден маж не би сакал да биде одбиен кога станува збор за брак. Ако тој сè почесто ја споменува оваа тема, сака да се осигури дека вие ќе кажете „да“. Тој сака да провери како вие би реагирале, за да биде сигурен дека тоа е точното време да ви предложи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.