Почетна » Семејство » Бебе » Педијатар предупредува: Не ја покривајте количката на бебето со пелена или ќебе во лето, тоа може да биде многу опасно

Педијатар предупредува: Не ја покривајте количката на бебето со пелена или ќебе во лето, тоа може да биде многу опасно

Најголем дел од родителите „фрлаат“ тетра пелена или ќебенце над бебешката количка во лето за да го заштитат нивното малечко од силните сончеви зраци, без да знаат дека таа постапка може да биде опасна по животот на детето.

Дури и најтенката пелена ја спречува циркулацијата на воздухот и ја зголемува температурата во количката во опасни граници за бебињата, кои се многу почувствителни на топлина од поголемите деца и возрасните. Нивната телесна температура може да се зголеми 3-5 пати побрзо, што значи дека за нив е зголемен ризикот од топлотен удар, како и од Синдром на ненадејна смрт на новороденче (SIDS).

Бебешка количка

Според шведскиот педијатар Сванте Норгрен, покривањето на количката не ја намалува температурата во неа, туку ја зголемува и создава топлина како во фурна.

„Станува екстремно жешко во количката, нешто како термос. Исто така, има лоша циркулација на воздухот и тешко е да го набљудувате бебето со прекривка врз количката. Брзо станува неудобно и потенцијално опасно за детето“ – изјавил Сванте за весникот Svenska Dagbladet.

Поттикнати од тврдењето на Норгрен, од весникот спровеле експеримент во Шведска за да проверат колку жешко може да стане во количката на бебето. Тие оставиле количка на сонце во периодот меѓу 11.30 и 13.00 часот. Без прекривка, температурата во количката била 22⁰C.

Во следните 30 минути, тие ја покриле количката со тенка прекривка и температурата се зголемила на 34⁰C. А за еден час, температурата пораснала на 37⁰C.

Треба да се земе предвид дека температурите во Шведска се пониски од нашите.

Бебешка количка

Па, следниот пат кога ќе излегувате со вашето малечко во лето, можеби подобра варијанта е да поставите на количката чадор со УВ заштита, кој ќе му овозможи на воздухот да циркулира.

Доколку сепак решите да ја покриете количката, отворете го задниот дел, каде што се наоѓа главчето на бебенцето.

Експертите се едногласни дека во лето најдобро е бебињата и децата:

  • Да не излегуваат надвор во периодот од 10 до 17 часот;
  • Да бидат под сенка доколку температурите надвор се многу високи;
  • Да пијат повеќе течности, особено вода;
  • Да носат лесна облека во светли бои, а најдобро е таа да биде од памук;
  • Да носат капа и очила за сонце;
  • НИКОГАШ да не се оставаат сами во автомобил;
  • Редовно да се проверуваат за зголемена телесна температура.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.