Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Романтичен десерт: Црвени „кадифени“ колачиња за љубовни моменти

Романтичен десерт: Црвени „кадифени“ колачиња за љубовни моменти

Љубовта струи низ воздухот и отчукуваат часовите до празникот на вљубените. А секоја романтична вечера по повод Св. Валентин е нецелосна без десерт. Црвените „кадифени“ колачиња облеани во растопено бело чоколадо се совршен финиш на вечера на свеќи, но би оставиле силен впечаток и во рамките на друго кулинарско доживување.

Без многу труд, до силен резултат. А еве како тече подготовката од почеток до крај:

„Распукани“ колачиња „Распукани“ колачиња

Состојки

355 гр брашно
340 гр шеќер
3 големи лажицикакао Витаминка
1 мала лажичкацимет Витаминка
1½ мала лажичкапрашок за пециво Витаминка
1 мала лажичка сол
2 јајца
340 мл масло Брилијант
250 мл млеко
2 големи лажици сок од лимон
црвена прехранбена боја
2 лажички екстракт од ванила
225 гр крем сирење
500 гр бело чоколадо за торти и колачи Синтагма

Подготовка

1

Во млекото додајте го сокот од лимон и оставете го да отстои околу половина час пред да го искористите за готвење.

2

Загрејте ја рерната на 180°С.

3

Во длабок сад пресејте ги брашното и какаото и додајте ги шеќерот, циметот, прашокот за пециво и солта.

4

Во друг сад ставете ги маслото, јајцата, екстрактот од ванила и подготвеното млеко со лимон. Измешајте со виљушка и постепено додавајте прехранбена боја додека да ја добиете посакуваната нијанса. Ние искористивме 5 гр прехранбена боја во прав. За крај, додајте ја сувата мешавина од првиот сад и мешајте со виљушка додека брашното да „исчезне“.

5

Печете во тава премачкана со путер околу 35 минути. Дали тестото е печено можете да проверите со чепкалка за заби. Прободете го во центарот и ако чепкалката излезе чиста, можете да сте сигурни дека е готово. Извадете го од рерната и оставете го да олади.

6

Испечениот црвен пандишпан издробете го на ситни парчиња. Додајте го крем сирењето и добро измешајте. Со помош на дланките оформете топчиња или со модла направете срциња. Добиените колачи ставете ги во фрижидер за замрзнување околу 15 минути.

„Распукани“ колачиња „Распукани“ колачиња
7

Растопете го белото чоколадо на пареа. Погрижете се секој колач да е прекриен со чоколадо, а потоа украсете го со трошки од црвената смеса. Чувајте ги колачите во фрижидер пред да ги послужите.

„Распукани“ колачиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.