Џорџина Родригез започна да чекори во четвртата деценија од животот.
Популарниот модел наполни 30 години на Малдиви, но забавата ја пропушти нејзиниот сакан Кристијано Роналдо кој мораше да остане во Саудиска Арабија. Заедно со неа беа три од нивните пет деца.
Родригез сподели фотографии на кои изгледа атрактивно и за 24 часа го зголеми бројот на обожаватели за еден милион.
„Благословена, среќна 30-ка“ – напиша таа.




На една од фотографиите, Џорџина позира со огромен букет црвени рози додека на видеобим ги гледа Кристијано и најмалата ќеркичка.




