Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џиџи Хадид им возврати на оние кои ја критикуваа дека била преслаба

Џиџи Хадид им возврати на оние кои ја критикуваа дека била преслаба

Како еден од најбараните модели во светот, Џиџи Хадид постојано е под лупа и се соочува со коментари за тежината. Додека во првите години од нејзината кариера беше нарекувана „дебела“, во изминатиов период постојано е критикувана дека е преслаба.

Популарниот модел објасни дека намалувањето на нејзината телесна тежина се должи на Хашимотов тироидитис, болест која ѝ ја дијагностицирале кога таа имала 17 години, а не на дрога или апчиња за слабеење.

Џиџи Хадид

Додека коментарите за промената во тежината на Хадид не стивнуваат, 22-годишната манекенка со неколку твитови им возврати на критичарите.

До сите оние кои толку упорно се обидуваат да откријат зошто моето тело се променило со годините, вие можеби не знаете дека кога започнав како модел на 17 години, ми беше дијагностициран Хашимотов тироидитис. Оние кои ме нарекуваа „премногу голема за оваа индустрија“ го гледаа воспалението и задржувањето на водата во телото кое е резултат на болеста.

Во текот на изминатите неколку години јас сум соодветно лекувана, со цел да се олеснат симптомите како екстремен замор, проблеми со метаболизмот, способноста на телото да ја задржи својата температура итн. Исто така, бев лекувана со експериментална терапија која ми помогна во балансирањето на тироидните хормони.

Иако стресот и прекумерното патување исто така имаат влијание, јас ја немам променето исхраната, но сега, кога здравјето ми е подобро, моето тело едноставно различно ја прифаќа. Можеби сум преслаба за вас, искрено и не сакам да бидам толку слаба, но внатрешно се чувствувам поздрава и сè уште учам и растам со моето тело, како и сите останати.

Нема повеќе да се објаснувам за изгледот на моето тело, како што не би требало да се објаснува и никој друг со тип на тело кое не се поклопува со стандардите за убавина. Не сакам да им судам на другите, но дрогата не е за мене. Престанете да ме ставате во иста кутија само зашто не го разбирате начинот на кој созреало моето тело.

Ве молам, како корисници на социјалните медиуми и генерално како човечки суштества, научете да имате повеќе емпатија кон другите и знајте дека никогаш не ја знаете целата приказна. Користете ја енергијата за да ги воздигнете оние на кои им се восхитувате, наместо да бидете сурови кон оние на кои не им се восхитувате.

Џиџи Хадид

Во 2016 година, Џиџи се отвори за болеста. „Метаболизмот ми се менуваше како луд оваа година. Јас имам Хашимотов тироидитис. Тоа е болест на тироидната жлезда и веќе две години примам лекови за тоа. Тежината ми варира премногу. Навистина не сакав да ослабам. Сакам гради, си го сакам задникот назад. Но, тоа не е моја вина. Мојата тежина варира, исто како и на секој друг, и сметам дека ако луѓето ми судат, тоа е најлошото што може да го направат бидејќи сите сме различни“ – изјавила таа.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.