Џенифер Лопез и Алекс Родригез безгрижно слават на Бахами со најблиските. Три дена откако се забавуваа за 49-тиот роденден на Џенифер, малата група го продолжи славењето по повод 43-тиот роденден на Алекс.
Поранешниот бејзбол играч сподели фотографии од приватната забава и им се заблагодари за фановите за убавите честитки.
Лопез со романтично видео и порака му го честита роденденот на својот сакан.
Бејби, поминував време со тебе во изминатава година и половина и те запознавав вистински повеќе и повеќе и секој ден ме изненадуваш со тоа колку дарежлив си и колку љубов имаш за мене и за сите околу тебе. Ти носиш енергија и смеа каде и да одиш. Но, најимпресионирана сум од мажот кој се стремиш да бидеш, растејќи секојдневно, достигнувајќи нови врвови, нови соништа и нови цели. Ти си суперѕвезда, визионер и џентлмен. Те сакам и ти ги посакувам денес и секој ден сите убавини и изобилство кои Бог и универзумот имаат да ги понудат.
Погледнете повеќе фотографии од патувањето на парот со блиски пријатели и децата.