Џенифер Лопез постојано добива комплименти за својот одржан изглед, а јасно е зошто. 48-годишната пејачка и актерка ги разголи тонираните нозе во мини фустанче на промоцијата на втората сезона од шоуто за танцување „World Of Dance“, на кое е главен продуцент.
Белата креација доаѓа од колекцијата пролет/лето 2018 на руската дизајнерка Естер Абнер. Во својот стајлинг Џеј Ло вклучи и сандали од Џими Чу и накит од нејзината колекција за Kohl's.
На црвениот тепих, Лопез позираше со своите колеги Џена Деван-Тејтум, Дерек Хаф и Ne-Yo.
Џена носеше црна комбинација од Дејвид Кома.