Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез 100% НЕ е бремена: Менаџерот на пејачката ги негираше гласините со фотографии

Џенифер Лопез 100% НЕ е бремена: Менаџерот на пејачката ги негираше гласините со фотографии

Во изминатиов период таблоидите објавија дезинформација дека Џенифер Лопез го очекува своето трето дете и дека планира да стапи во брак со 29-годишното момче Каспер Смарт.

Но вчера, менаџерот на 47-годишната пејачка, Бени Медина, за сајтот TMZ ги демантираше гласините дека таа е бремена и ги нарече „100% неточни“. Медина сподели фотографии од Лопез, направени по нејзиното шоу во Лас Вегас.

„Дали ви изгледа како да е бремена?“ – запраша тој.

На фотографиите, славната музичка ѕвезда е облечена во портокалова комбинација со краток горен дел. Изразените стомачни мускули на Лопез само го потврдуваат кажаното од нејзиниот менаџер.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Пред неколку часа, Лопез објави фотографија со близначињата Макс и Ема и напиша: „Оваа фотографија е малку матна, но чувствувам како камерата да го уловила чувството во тој момент. Секогаш се чувствувам сакано, безгрижно и како да сонувам кога сум со овие двајца...“.

Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10611 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.