Џенифер и Бен Афлек со децата и неговата мајка беа фотографирани на шопинг во Џорџија, каде викендов ќе се одржи нивната свадбена прослава.
52-годишната пејачка за рака го држеше 10-годишниот Семјуел додека 50-годишниот актер чекореше покрај ќерката Вајолет. Зад нив одеа ќерката на Бен, Серафина, ќерката на Џеј Ло, Еми, како и мајката на Бен, Крис Ен.













Свадбата на славниот пар ќе се одржува неколку дена на имотот на Бен во Савана, кој тој го купи во 2003 година, кога првпат започна да се состанува со Лопез.




Двојката ја обнови својата романса во април 2021 година, 20 година по нивната прва средба. Тие стапија во брак во Лас Вегас во јули годинава.


