• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Први фотографии: Џенифер Лопез се омажи за Бен Афлек во Лас Вегас, го зеде неговото презиме и ја покажа бурмата

18 јули 2022, 06:30
  • cподели

Џенифер Лопез и Бен Афлек стапија во брак. Популарниот пар ги изненади фановите откако објави дека се венча во Лас Вегас на мала церемонија.

Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек

52-годишната пејачка сподели неколку фотографии од свадбената ноќ и објави дека ќе го земе презимето на 49-годишниот актер. Во нејзината порака до обожавателите се вели:

Љубовта е убава. Љубовта е добра. И испадна дека љубовта е трпелива. 20 години трпелива.

Токму тоа што го посакувавме. Синоќа одлетавме до Вегас, чекавме во ред за дозвола за брак со четири други парови, сите на исто патување до светската метропола на свадбите...

...Со најдобрите сведоци кои можете да си ги замислите, фустан од стар филм и сако од плакарот на Бен, си ги прочитавме заветите во мала капела и си ги дадовме прстените кои ќе ги носиме до крајот на нашите животи...

...Кога љубовта е вистинска, единствено што е важно во бракот е што се имаме еден со друг и ветувањето да се сакаме, да се грижиме, да се разбираме, да бидеме трпеливи и добри еден со друг. Го имавме тоа. Најдобрата ноќ во нашите животи...

...Во право се кога велат „сè што ти е потребно е љубов“. Благодарни сме што ја имаме во изобилие, како и што имаме ново неверојатно семејство со пет прекрасни деца и живот на кој гледаме со нетрпение...

Со љубов,

Г-ѓа Џенифер Лин Афлек

Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек

На една од фотографиите, во розов кадилак позираше и веселата ќерка на Лопез, Еми.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Џенифер објави и фотографија на која ја покажа бурмата.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Крис Еплтон, кој со години се грижи за косата на Лопез, сподели видео во кое таа се подготвува во втор фустан.

View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)

Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек
View this post on Instagram

A post shared by chloe | jlo follows (@jlothaqueen)

Љубовната приказна на Џенифер и Бен, познати и како Бенифер, трае две децении. Тие се верија во април годинава, 18 години откако ја раскинаа првата свршувачка.

Џенифер Лопез и Бен Афлек
View this post on Instagram

A post shared by Olivia | @jlo follows(@jlow0rld)

Tags
Џенифер Лопез
Бен Афлек

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.