Откако се засилија гласините дека имаат брачни проблеми и дека повеќе не живеат заедно, Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно се појавија на настан во Лос Анџелес.
54-годишната музичарка и 51-годишниот Оскаровец присуствуваа на филмски настан во Брентвуд. Иако тие пристигнаа одделно во театарот, подоцна беа фотографирани заедно од папараците. Тие со насмевка позираа пред нив додека заминуваа со возилото.
Бен ја носеше својата бурма на раката, иако претходните денови беше фотографиран без неа.











Џеј Ло и Бен ја обновија врската од пред 20 години во април 2021 година. Тие беа верени од 2002 до 2004 година, кога раскинаа. Тие стапија во брак во јули 2022 година во Лас Вегас.
