Мајката на Жизел Бундшен ја изгуби битката со ракот.
Ванија почина на 75-годишна возраст, а популарната манекенка одлучи да се збогува со неа со емотивен пост на социјалните мрежи. 43-годишната Бразилка сподели фотографии од покојната мајка и напиша трогателен текст.



Сакана мамо,
Боли што знам дека повеќе нема да можам да те гушкам, но знам дека секогаш ќе нè гледаш одгоре. Ти беше ангел на земјата, секогаш им помагаше на сите околу тебе. Благодарна сум што сум твоја ќерка и што учев од тебе. Ти благодарам што беше најдобриот пример за љубов, сила, сочувство, храброст и милост.
Засекогаш ќе ги ценам убавите моменти кои ги споделивме и ќе живеам според вредностите на кои ме научи. Ќе живееш засекогаш низ многуте животи кои ги допре.
Ти благодарам што ми ги даде најдобрите пријатели за цел живот. Твојата љубов секогаш ќе нè води. Ќе се видиме во моите соништа.
Те сакам.
Покрај Жизел, Ванија има уште пет други ќерки.






