Игор Џамбазов со силни емоции ја изведе „Т’га за југ“ на „Златна бубамара на популарноста“.
60-годишниот актер и пејач доби громогласен аплауз од присутните за песната од Константин Миладинов која им ја посвети на сите наши иселеници.
На сцената заедно со него беа и Дамир Имери и кавалџијата Александар Јовевски.
„Организаторите испратија мејлови до сите наши фанови кои со години доаѓаа на Бубамара и за првпат ни се случи следново: Многу од тие мејлови ни се вратија со порака дека оваа година нема да можат да присуствуваат на Бубамара, туку дека ќе нè гледаат на ТВ од далечната Австралија, од Канада, од Америка, од Шведска. Балканот се опустошува, а Македонија заедно со него. Според последниот попис, па до денес, 6% од младите се иселиле.“
„Еден од најпознатите наши иселеници се викал Константин Миладинов и пред повеќе од 150 години ја има напишано легендарната „Т’га за југ“ која е преведена на 42 различни јазици. Оваа вечер „Т’га за југ“ им ја посветувам на сите оние што си заминаа од Македонија со нивна надеж дека никогаш повеќе нема да се вратат, со наша надеж дека ќе доаѓаат што почесто“ – рече Игор.







Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk
„Златна бубамара на популарноста“ се одржа на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“.