• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Доза хумор со Сашко Коцев, многу песни, награди... Атмосферата на Златна бубамара на популарноста

23 февруари 2024, 20:30
  • cподели

Синоќа, во арената „Борис Трајковски“ ечеше смеа, одекнуваше добра музика, се делеа многу награди и се споменуваа македонски легенди кои нè напуштија во изминатата година. А, повод за тоа беше 27-мото издание на „Златна бубамара на популарноста“.

Покрај Атанас и Тино, оваа година повторно се врати Сашко Коцев за да ја забавува публиката со својот хумор и да се пошегува со актуелните случувања во државата.

Мотото на овогодишното издание беше „Редно е да се има ред“, алудирајќи на фамозната ситуација поврзана во издавањето на нови лични документи.

Коцев се пошегува дека извадил пасош на фората „Само да прашам нешто“, со што измами многу насмевки во големата сала.

Златна бубамара на популарноста

Првата награда им беше доделена на децата од „Тин-Камп“, која беше прогласена за Најдобра тинејџерска ТВ Серија. Потоа, следуваше награда за тимот на балетската претстава за деца „Петар Пан“.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Наградата Трајни вредности за афирмација на танцот му беше доделена на Тодор Миладинов. За Трајни вредности во народната музика статуетка доби Нино Величковски, а не беше заборавен и д-р Миодраг Врчаковски, кој исто така доби признание за Трајни вредности.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Постхумна награда за животно дело беше доделена за Кире Костов, кој нè напушти во јуни минатата година.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Од светот на спортот, награди добија Кире Лазаров, кој беше прогласен за Спортска легенда, Игор Стефановски-Иџе, кој беше избран за Спортист на годината, а одбојкарската репрезентација беше наградена за спортискиот успех во изминатата година.

Наградата Најпопуларен спортист заврши во рацете на Никола Ѓоргиев.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Владо Јаневски си замина дома со статуетката за Концерт на годината.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Најзначајните награди ги добија Драган Мијалковски (награда за Животно дело) и Жељко Самарџиќ (награда за Трајни музички вредности).

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Легендарните музичари запеаја заедно на сцената.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Наталија Теодосиева заслужено беше прогласена за Актерка на годината, додека наградата за Најпопуларен млад актер заврши во рацете на Сергеј Димовски.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Како и секоја година, во текот на вечерта се издвои време за да се оддаде почит на македонски легенди кои повеќе не се помеѓу нас.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Александар и Дац ја добија наградата за Дуо на годината, а веднаш по нив, Андријана Јаневска се закити со наградата Пејачка на годината.

Статуетката за Албум на годината отиде во рацете на Никола Мицевски за албумот „Македонијо, во срце те носиме“.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Награда за уникатни музички вредности му беше доделена на Рамбо Амадеус.

Златна бубамара на популарноста

Последната награда за вечерта беше резервирана за ДНК & Врчак. Тие ја добија статуетката Песна на годината за „Посреќна“.

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Листата со сите награди погледнете ја тука.

Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.