Бергузар Корел, која на македонската јавност ѝ е позната како Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, го прослави својот 43-ти роденден. Популарната актерка се веселеше заедно со сопругот Халит Ергенч и блиски пријатели.
Тематската забава се одржала во омилениот ресторан на турската ѕвезда, каде сè било декорирано во медитерански стил со жолти нијанси и детали инспирирани од лимон.
Корел пленеше во кратко пастелно фустанче со цветен принт додека со широка насмевка позираше со развеселените гости.
На дел од фотографиите, таа ги дува роденденските свеќички, а потоа добива честитка од нејзиниот сакан.










Бергузар и Халит се во брак од 2009 година и заедно имаат три деца.
