Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шерил Кол ја победи Викторија Бекам

Шерил Кол ја победи Викторија Бекам

Шерил Кол

Викторија Бекам изгуби од Шерил Кол во битката за најплатена жена на славен фудбалер.

Популарната сопруга на Дејвид Бекам во последните две години заработила околу 6.75 милиони фунти. Од нив 4 милиони се резултат на обединувањето на Spice Girls, а 2 милиони доаѓаат во џебот на Викторија од нејзините dVb модни колекции и парфеми.

Од друга страна, 26-годишната Шерил Кол заработила 6.9 милиони фунти. Сопругата на славниот фудбалер Ешли Кол, својата заработка ја должи на шоуто Х фактор, на нејзината музичка кариера и на спонзорските договори со компании како L’Oreal. Шерил Кол во моментот е популарна со својот соло сингл Fight For This Love.

Со таа заработка Шерил останува зад Колин Руни, која ја предводи класацијата за сопруга на фудбалер со најголема заработувачка. Нејзината заработка изнесува 8 милиони фунти.

Додека кариерата на 35-годишната Викторија полека завршува, младата Кол има многу голем потенцијал да стане уште поголема ѕвезда – оценуваат експертите.

Тоа не е сè. Уште една класација ја стави Шерил пред Викторија. Списанието Glamour ја прогласи Шерил Кол за најдобро облечена жена за 2009г., оставајќи ја Викторија на третото место.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10406 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.