Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Четвртина век заедно: Пирс Броснан ѝ се заблагодари на сопругата за 25-те години љубов

Четвртина век заедно: Пирс Броснан ѝ се заблагодари на сопругата за 25-те години љубов

Пирс Броснан и Кили Смит имаат љубов за каква многумина сонуваат. Популарниот актер и 54-годишната поранешна новинарка и активистка се заедно 25 години и го имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд кој никогаш не бил вмешан во скандали.

Пирс Броснан и Кили Смит

65-годишната филмска ѕвезда го одбележа значајниот момент со кратка љубовна порака на Instagram. „Ти благодарам за љубовта, љубов моја, во изминативе 25 години и за натаму“ - напиша тој.

Thank you for the love my love of these past 25 years, onwards...

A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial) on

Љубовта на Пирс и Кили се роди три години откако тој ја изгуби првата сопруга како последица на рак на јајниците. Тие ја крунисаа својата романса со брак во 2001 година, а заедно имаат две деца – Дилан и Парис.

Пред две години, актерот познат по улогата на Џејмс Бонд, за својата сакана изјави: „Ја обожавам нејзината виталност, нејзината страст. Таа има сила без која не би можел да живеам. Кога Кили ќе ме погледне, чувствувам слабост.“

Пирс со Кили во 1995 годинаПирс со Кили во 1995 година

Парот моментално патува низ светот во рамките на промотивната турнеја на неговиот нов филм „Mamma Mia! Here We Go Again“.

Пирс Броснан и Кили Смит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.