Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Честитки принцу мој“: Џорџина Родригез сподели фотографии од 11-тиот роденден на Кристијано Џуниор

„Честитки принцу мој“: Џорџина Родригез сподели фотографии од 11-тиот роденден на Кристијано Џуниор

Додека Кристијано Роналдо е ангажиран со репрезентацијата на Португалија на Европското првенство во фудбал, Џорџина Родригез се труди да надомести за неговото отсуство.

27-годишниот модел го славеше 11-тиот роденден на Кристијано Џуниор заедно со нивните три помали деца – Матео, Ева и Алана Мартина. На Instagram, таа сподели фотографии од прославата во Мадрид и напиша:

„Честитки, принцу мој. Задоволство ми е да те гледам како растеш од ден на ден и да го гледам малиот човек во кој се претвораш. Ти благодарам што нè правиш горди. Ти благодарам што си најдобриот постар брат, син и животен партнер. Возбудена сум што гледам толку многу радост и благодарност во твоите очи денес. Ти благодарам што секој ден правиш да се чувствувам како најдобрата мајка на светот. Те сакаат тато, мама и твоите брат и сестри“.

Кристијано Џуниор Кристијано Џуниор Кристијано Џуниор Кристијано Џуниор Кристијано Џуниор Кристијано Џуниор Кристијано Џуниор

И Кристијано не пропушти да му го честита роденденот на Џуниор. „Многу честитки љубов моја! Ти си гордоста на Тато! 11 години исполнети со многу насмевки и радости. Секогаш бори се за твоите соништа. Те сакаме многу“ – напиша фудбалската ѕвезда на Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.