Џастин Тимберлејк и Џесика Бил поддржаа настан во Санта Моника кој има специјално значење за нив.
Парот присуствуваше на гала вечер организирана од Детската болница во Лос Анџелес. На црвениот тепих, 40-годишната актерка зачекори во невообичаена креација со пердуви од Џамбатиста Вали, а 41-годишниот музичар избра елегантен црн костум.














Џастин настапи на сцената и ја размрда публиката, помагајќи да се соберат повеќе од 5,5 милиони долари за болницата, чија мисија им е драга на голем број од присутните, вклучително и на Џесика.





„Синоќа поддржавме кауза која ни е многу драга. Беше специјално што мојот брат беше со нас. Неговата ќерка имаше животоспасувачка операција во Детската болница во Лос Анџелес и сме благодарни и горди што сме дел од оваа заедница“ – напиша таа на Instagram.
Џими Кимел исто така беше меѓу присутните на галата. Неговиот син Били имаше отворена операција на срцето во истата болница кога беше бебе.
