Марго Роби однесе гламур и елеганција на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности.
33-годишната актерка блескаше во креација од високата мода на Армани, која ја надополни со високи ракавици за уште пософистициран изглед.


Ѕвездата од „Barbie“ беше номинирана во категоријата Најдобра актерка, а на свеченоста пристигна со својот сопруг Том Акерли.







Марго позираше и со колегата Рајан Гослинг, кој го глуми Кен во заедничкиот филм „Barbie“.

Неодамна, Марго присуствуваше и на доделувањето на 13-тото издание на AACTA наградите, каде мамеше погледи во светкав фустан од Вивиен Вествуд.


