Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Холивудска легенда: 101-годишниот Кирк Даглас дочекан со овации на сцената на „Златен глобус“

Холивудска легенда: 101-годишниот Кирк Даглас дочекан со овации на сцената на „Златен глобус“

Кирк Даглас доби громогласен аплауз од своите колеги на 75-тото издание на „Златен глобус“ кое синоќа се одржа во Беверли Хилс.

Легендарниот холивудски актер и оскаровец беше дочекан со овации откако се појави на сцената со својата снаа Кетрин Зета-Џонс за заедно да ја доделат наградата за Најдобро сценарио.

Кирк, кој минатиот месец го прослави својот 101. роденден, беше дел од церемонијата како еден од актерите кои се борат против дискриминацијата, сексуалното малтретирање и злоупотребата на работното место.

Даглас Даглас

ВИДЕО

Кирк во својата кариера се има закитено со два Златни глобуси. Во 1967 година, тој беше прогласен за Најдобар актер во драма за филмот „Lust for Life“. Следната година, Кирк беше почестен со престижната награда „Сесил Б. ДеМил“ за својот огромен придонес во светот на филмот.

Согласно неофицијалниот дрес-код на овогодишната манифестација, Кирк и Кетрин избраа црна облека.

Даглас Даглас Даглас Даглас

Делумно проѕирниот фустан на славната сопруга на Мајкл Даглас е дело на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.

Даглас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11529 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.