Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Фотошоп утка: Опра има 3 раце, а Рис Витерспун изгледа како да има 3 нозе во Vanity Fair

Фотошоп утка: Опра има 3 раце, а Рис Витерспун изгледа како да има 3 нозе во Vanity Fair

Холивудското издание на Vanity Fair привлече огромно внимание, но не поради изборот на ѕвезди за специјалниот едиторијал, туку поради Фотошоп грешка.

На една од фотографиите направени од Ени Либовиц, Опра има три раце.

Vanity Fair

Откако фотографијата започна брзо да го обиколува светот, списанието ја призна својата грешка и објави коригирана фотографија онлајн.

Vanity Fair

Сепак, не завршија тука анализите на фотосесијата. Многумина посочија дека Рис Витерспун изгледа како да има три нозе, но од списанието побрзаа да објаснат дека третата нога е всушност поставата на фустанот.

Vanity Fair Vanity Fair

И Опра и Рис не останаа рамнодушни и се пошегуваа со грешката. „Ја прифаќам твојата трета нога како што знам дека ти ја прифаќаш мојата трета рака“ - напиша Опра.

„Претпоставувам сега сите знаат... имам три нозе. Се надевам дека ме прифаќате таква каква што сум“ - твитна Рис.

Vanity Fair

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27138 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.