Џенифер Лопез беше една од ѕвездите кои настапија на концертот „Calibash“ во Лос Анџелес.
На музичкиот настан, 48-годишната пејачка се појави во провокативно издание. Необичниот стајлинг привлече негативни критики, но следуваше и бран позитивни коментари за нејзината фигура.
Лопез изведе неколку од своите хитови, меѓу кои и „Amor, Amor, Amor“.