Шакира ги изненади присутните на настанот на „Univision“ во Њујорк.
На свеченоста организирана од телевизиската куќа, 47-годишната музичарка се појави на сцената во кратко фустанче и ултра високи чизми. Таа соопшти дека нејзината песна „Puntería“ ќе биде официјална песна на покривањето на Копа Америка 2024 од страна на ТВ „Univision“.








Спортскиот настан ќе се одржува од 20 јуни до 14 јули во САД, а на него ќе учествуваат 16 тима.
„Puntería“ е дел од најновиот албум на Шакира „Las Mujeres Ya No Lloran“.
