Тејлор Свифт и Џо Алвин отпатуваа на летен одмор во луксузен ресорт во Туркс и Кајкос.
28-годишната пејачка и 27-годишниот актер беа фотографирани додека нуркаа и се забавуваа во кристално чистите води. Славната музичарка беше облечена во бикини со висок струк од Jamie Bottom.


























Иако се во врска околу една и пол година, Тејлор и Џо ретко се појавуваат заедно во јавност. Тие беа фотографирани од папараците во декември минатата година.

