Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Софија Вергара со вртоглаво скап накит на Еми 2013

ФОТО: Софија Вергара со вртоглаво скап накит на Еми 2013

Софија Вергара никогаш не поминува незабележана на црвениот тепих. Нејзиниот моден избор секогаш паѓа на впечатливи припиени креации кои ја следат линијата на телото и ги истакнуваат женските облини. Па, ни доделувањето на Еми наградите не беше исклучок.

41-годишната ѕвезда од „Modern Family“ носеше црвена креација со силуета на сирена од познатата дизајнерка Вера Ванг. Сепак, тесниот фустан со чипка и V-деколте не беше единствениот магнет кој влечеше погледи кон Вергара. Накитот на телевизиската ѕвезда го крадеше вниманието на присутните.

Софија Вергара

Масивните обетки и прстените со кои Вергара го надополни стајлингот за големата вечер чинат над 7 милиони долари. Вртоглаво скапиот накит од вкупно 161 карат доаѓа од Лорејн Шварц.

Софија Вергара

Само обетките се од 100 карати, а се изработени од рубини, сафири и колумбиски смарагди. На десната рака Софија носеше прстен со огромен смарагд од 40 карати, а на левата – дијамантски прстен од 21 карат.

Софија Вергара Софија Вергара

Треба да се спомене дека накитот не е во сопственост на Вергара, туку ѝ е позајмен за свеченоста.

Ова не е првпат славната Колумбијка да се појави со прескап накит. Минатата година, на доделувањето на наградите „Златен глобус“, таа го „украси“ синиот фустан од Вера Ванг со накит од Хери Винстон во вредност од 5 милиони долари.

Софија Вергара Софија Вергара

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.