Пипа Мидлтон ги покажа стомачните мускули во бикини за време на семејниот одмор на островот Свети Вартоломеј.
40-годишната сестра на британската принцеза Кетрин се забавуваше со сопругот Џејмс и трите деца на плажата од луксузниот хотелот „Eden Rock“, која ја поседуваат нејзините свекор и свекрва. Таа носеше дводелен костим за капење од 280 долари.















Деновиве, Пипа со семејството повеќепати беше фотографирана на истата плажа.



Пипа и Џејмс се свршија во јули 2016 година, а стапија во брак една година подоцна. Тие имаат три деца, Синот Артур и ќерките Грејс и Роуз.








