Кели Роланд влезе во вербална расправија со член од обезбедувањето на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.
43-годишната пејачка се појави на премиерата на францускиот филм „Marcello Mio“ во црвена креација, но додека се искачуваше по скалите се скара со жената која ја испраќала внатре. Кели без воопшто да се грижи за фоторепортерите жестоко се расправаше со неа.









Извор присутен на настанот за Daily Mail раскажал дека кавгата настанала затоа што членовите од обезбедувањето биле агресивни.
„Луѓето задолжени да им помагаат на ѕвездите да поминат по црвениот тепих беа агресивни и Кели се обидуваше да ги игнорира. Кога дојде до последната жена, не можеше да издржи и ѝ се развика кога таа и рече да се движи, а Кели се обидуваше да им мавка на фановите и да им помогне на папараците да направат фотографии“.
„Кели не е лажна и сакаше да постави јасни граници“ – рекол изворот.


Видеата споделени на Instagram покажуваат што се случило.
Роланд носеше креација од Anamika Khanna.





