Синоќа се одржа холивудската премиера на „The Assassination Of Gianni Versace: American Crime Story“, серијата фокусирана на убиството на Џани Версаче.
Пенелопе Круз, која ја доби улогата на Донатела Версаче, блескаше на свеченоста во бордо креација од Стела Мекартни.




Рики Мартин, кој има споредна улога во серијата, беше во придружба на својот вереник Џуан Јосеф.




Славната актерка и популарниот пејач позираа на црниот тепих и со своите колеги Едгар Рамирез и Дарен Крис.


Додека Пенелопе ќе ја толкува улогата на Донатела, Едгар Рамирез ќе го гледаме како Џани Версаче, а Дарен Крис ќе го игра серискиот убиец Ендру Кунанан. Во споредните улоги ќе се појават Рики Мартин, како долгогодишниот партнер на Џани, Антонио Д’Амичо, и Макс Гринфилд, како постариот брат на Џани, Санто Версаче.