Алесандра Амбросио денес дефилираше на својата последна ревија за Victoria’s Secret. 36-годишната Бразилка цели 17 години го разубавуваше шоуто на популарниот бренд за долна облека.
Ревијата во Шангај беше збогување на Амбросио како „ангел“.
Во интервју за ET, таа изјавила дека сака да се фокусира на својата линија за костими за капење и актерската кариера.
За време на финалето, Адријана ѝ се поклони на Алесандра и емотивно ја прегрна.
„Секогаш ќе навивам за вас“ – им рече Алесандра на своите колешки зад сцената.
На забавата по ревијата, Амбросио позираше и со малата ќеркичка Ања.
Алесандра и Адријана Лима се ветеранки на VS, кои имаат најдолг стаж како „ангели“. Сепак, Лима објави дека ќе остане најмалку уште две години, односно до нејзиното 20-то шоу.