Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лана Дел Реј ретро убавица за „Вог“ Италија

ФОТО: Лана Дел Реј ретро убавица за „Вог“ Италија

Модните списанија се заљубија во Лана Дел Реј. Нејзиниот избор на облека и шминка ги шармира уредниците, па таа повторно се најде во „Вог“, овој пат во италијанското издание.

Лана Дел Реј за „Вог“

Негувајќи го нејзиниот ретро стил, стилистите ја облекоа во дизајнерски креации инспирирани од гламурозниот стил на 50-тите и 60-тите, а нејзините очи како и секогаш беа истакнати со ајлајнер во стил „мачкини очи“. Волуменот на косата и блескавата насмевка се само уште два дополнителни елементи од изгледот со кој 26-годишната пејачка плени на фотографиите направени од Елен Фон Унверт.

Лана Дел Реј за „Вог“ Лана Дел Реј за „Вог“

Списанието напомнува дека Лана не е примена секогаш со топли аплаузи. Публиката или ја сака или ја мрази. Некои ја нарекуваат неавтентична, но не се малку тие кои ѝ се воодушевуваат и го ценат нејзиниот уникатен глас.

„Не чувствувам никаков притисок од медиумите. Сè што можеше да биде кажано, веќе е речено. Она што ме исцрпува е безумниот ритам на патувањата и настапите, обидувајќи се да најдам време за нештата кои ми се важни“ – изјавила Лана за „Вог“.

Лана Дел Реј за „Вог“ Лана Дел Реј за „Вог“ Лана Дел Реј за „Вог“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.