Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Жена фрли брашно врз Ким Кардашијан на црвениот тепих

ФОТО: Жена фрли брашно врз Ким Кардашијан на црвениот тепих

Ким Кардашијан се најде во центарот на непријатен инцидент на црвениот тепих. Непозната жена фрли кесичка со бел прав врз познатата телевизиска ѕвезда на црвениот тепих во лобито на „London Hotel“ во западен Холивуд. Целата коса и сакото на Ким беа посипани со бел прав.

Ким посипана со брашноКим посипана со брашно

Жената која го предизвика инцидентот веднаш се обидела да избега, но била пресретната од луѓе од тимот на Ким. На местото на настанот била повикана и противпожарна единица за да утврди за каков бел прав се работи. Било заклучено дека тоа е обично кујнско брашно.

Ким пристигнува на црвениот тепихКим пристигнува на црвениот тепих Ким и нејзината мајка Крис ЏенерКим и нејзината мајка Крис Џенер Ким КардашијанКим Кардашијан изгледаше совршено пред нападот Ким посипана со брашно Ким посипана со брашно

31-годишната старлета и нејзината мајка, Крис Џенер, биле однесени во приватна соба каде што било отстрането брашното. Десет минути по инцидентот, Ким со насмевка на лицето се вратила пред камерите.

Ким по инцидентотКим со насмевка се врати пред камерите 10 минути по инцидентот Ким по инцидентот

„Ова најверојатно е најлудото, најнеочекувано и најчудно нешто што некогаш ми се случило. Како што му реков и на мојот мејкап артист, сакав повеќе пудра, а тука има многу пудра во прав“ – се пошегувала Ким по враќањето на црвениот тепих.

Брашното на црвениот тепих Вработен во хотелот го чисти брашното

Ким изјавила дека не сака да покрене тужба против непознатата жена. Според соопштение од полицијата, жената подоцна била ослободена.

Непознатата женаНепознатата жена си го крие лицето

Не се знае што точно ја мотивирало жената да го предизвика овој инцидент, но се шпекулира дека пред нападот таа рекла нешто поврзано со крзно. Ким редовно е на мета на ПЕТА, организација за заштита на животните, затоа што е обожавателка на вистинско крзно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.